ЈП „Стрежево“ – Битола, најголемиот капацитет за снабдување со вода на земјоделските површини, индустриските објекти и граѓаните од пелагониските општини кои се поврзани со акумулацијата, денеска одбележува 40 години.

Според програмата, менаџерскиот тим предводен од генералниот директор Методија Граматковски во текот на денот ќе организира промоција и пуштање во употреба нови објекти, изложба на фотографии и записи, а вечер во Битолскиот театар ќе се одржи свечена академија.

-На вечерашната свеченост ќе биде презентирана ретроспектива за работата на ЈП „Стрежево“ во изминатите четири децении, ќе доделиме јубилејни награди, како и посебни посмртни признанија за основачите на овој капитален пелагониски објект, Методија Сапунџиевски и Томе Делов, кои целиот работен век го вложија во ЈП хидросистем „Стрежево“, изјави генералниот директор Методија Граматковски.

ЈП „Стрежево“ – Битола почна со работа во 1978 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 12:23