Украинските екстремисти предизвикаа инциденти пред руските конзулати во Харков и во Лавов, како и пред Амбасадата во Киев.

Локалните медиуми јавуваат дека десетици ултрадесничари запалиле гуми пред рускиот конзулат во Лавов во знак на протест поради запленувањето на украински бродови во Керченскиот Теснец, помеѓу Азовското и Црното Море.

За инцидентот се одговорни припадниците на групата Национален кор, која исто така, повика и на протести против украинскиот претседател Петро Порошенко бидејќи „не е доволно агресивен кон Русија“. Освен запалените гуми, екстремистите палеле и факели и фрлале со јајца кон Конзулатот во Харков. Утрово таму се собра мала група демонстранти, кои извикуваа антируски слогани. Украинските медиуми посочуваат дека ситуацијата пред тој Конзулат се уште е многу тензична.

Ултрадесничарската група Ц14 објави фотографии од запалиле депломатски автомобил на Русија во Киев.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 14:09