Заменикот-министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека таа земја ќе биде принудена да ги земе предвид и да одговори на плановите на САД за распоредување ракети „Егис ашор МК41“ во Европа.
– Тоа распоредување за Русија ќе претставува кршење на Договорот за контрола на нуклеарните сили со среден дострел, појасни тој.
Рјабков дополни дека мОсква сакала да се зачува тој Договор ако САД се придржуваат до него.
Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го поништи Договорот, склучен во 1987 година.