Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос денеска соопшти дека ги прекинува своите активности во Турција, нагласувајќи дека „неоснованите тврдења“ на турските медиуми против неа создале сосотојба во која таа не може нормално да работи.

Фондацијата нагласува дека дополнителен притисок врз неа бил извршен со истрагата што ја започнало турското Министерство за внатрешни работи, за нејзина наводна поврзаност со масовните протести во Турција во 2013 година.

„Отворено општество“ во своето соопштение уште еднаш истакнува дека нема никаква поврзаност со овие протести.

Фондацијата најави дека ќе поднесе барање за затворање и за прекин на сите нејизни активнсоти за што е можно покусо време.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 15:35