Преку заеднички активности во општините Делчево, Берово и Пехчево ќе се подготвува стратегија за родова еднаквост.

Како што информира координаторот Анита Цоневска, целта е преку изготвување заеднички документ да се помогне во процесот за остварување на еднаквите можности на мажите и жените во трите општини.

-Комисиите за родова еднаквост кои се дел од советите на општините, како и координаторите на комисиите како дел од општинската администрација, во следниот период ќе имаат можност да учествуваат на работилници и со своето активно учество да придонесат документот да ги опфати сите сегменти од оваа проблематика, конкретно во секоја општина. Следниот чекор ќе биде донесување на акциските планови за секоја општина посебно што, всушност, е и законска обрска на советите на општините, истакна Цоневска.

Додаде дека овие два значајни документи за општините ќе бидат донесени до средината на идната година по што ќе бидат ќе бидат ставени на дневен ред на советите на трите општини.

Стратегијата и локалните ациски планови за родова еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево е проект кој го имплементира невладината КХАМ од Делчево со финансиска поддршка од ЕУ, преку регрант од организацијата „Квина тил Квина“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 15:37