Во април следната 2019 година, Норвешка ќе го отвори својот прв подводен хотел ресторан, кој ќе има капацитет од 80-100 гости, но ако некој сака да резервира сега, првите шест месеци по отворањето се веќе букирани.

Хотелот Андер е сместен пет метри под морето, во најјужното норвешко приморје, близу населбата Боил. А, она што е највпечатливо, е широката панорама на подводниот свет и евентуалното осветлување на дното, кое исто би пружало незаборавен поглед кон морето, но сѐ уште е во фаза на осмислување.

– Хотелот е комплициран и уникатен… Неверојатно искуство за сите гости поради местоположбата, архитектурата, ентериерот, погледот и секако – врвната кујна, изјави Арне Мартинсен – менаџер на компанијата Суб-мар Груп, и одговорна за овој проект.

Одговорен за менито е познатиот дански готвач Елицгард Педерсен, и на него ќе се најдат хранливи производи и морски плодови карактеристични за областа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 17:24