Сметот во централното градско подрачје и главните улици во Велес освен ноќе ќе се собира и дневно, информира Ѓоре Стојанов директор на ЈКП „Дервен“. По бројни реакции на граѓаните, Советот на општината на последната 23-та седница од 5 ноември, ја усвои предог одлугата сметот на овие фрекфентни улици наместо само ноќе отсега да се собира двапати на ден, од 12 до 14 и после 21 часот.
Сметот два пати на ден ќе се собира од улиците „8-ми Септември“, „Благој Ѓорев“, „Алексо Демниевски – Бауман“, „Страшо Пинџур“, „Гоце Делчев“ „Димитар Влахов“, „Архепископ Михаил“ и „Борис Трајковски“.
Одлуката следи по бројните поплаки од граѓаните кои живеат во овие делови од градот, дека отпадот многу влијае на загадување на животната средина и нивното здравје, привлекува кучиња скитници, глодачи и инспекти кои се пренесувачи на заразни болести , се потенцира во соопштението на ваквата одлука на Советот на Општина Велес.
Директорот на ЈКП „Дервен“ Ѓоре Стојанов, за МИА информира дека одлуката на Советот ја добиле во петокот и дека од тогаш интензивно работат на реорганизација на екипите кои ќе бидат вклучени во собирањето на сметот на овие фрекфентни улици.
– Ова ќе ни создаде уште проблеми во собирање на сметот, а бидејќи сега имаме само стари и дотраени возила, кои поради несовесноста на некои од граѓаните кои фраат и градежен шут и друг цврст отпад често предизвикуваат возилата да се расипат. Поради тоа јас со вработените правиме големи напори за целосно спроведување на одлуката од Советот на општина Велес, а во заедничката заложба за почист град. Секако најдобро решение на кое работиме е да набавиме нови и така да ги замениме старите и веќе достраените возила за смет, појаснува Стојанов.