Наставниците, професорите и вработените во 12-те охридски основни и средни училишта денеска ги примија октомвриските плати.
Исплатата на личните доходи е реализирана откако биле надминати недоразбирањата на релација училишта – Министерство за образование и наука поради различните толкувања на начинот на пресметка на износот на месечните примања за административниот персонал во образовните установи.
Причина за настанувањето на проблемот се недоследностите во легислативата, дали пресметките за месечен надомест за административните службеници во образовните институции треба да се прават според Законот за административни службеници или според колективните договори за средно и основно образование.