Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и градоначалникот на општина Килис од Република Турција, Хасан Кара, денеска потпишаа договор за соработка и збратимување на двете пријателски општини.

По потпишувањето на договорот, на заедничка прес-конференција, Таравари и Кара истакнаа дека двете општини се се обврзуваат врз основа на меѓусебно почитување, воспостават разни форми на соработка, размена на идеи за спроведување на проекти со заеднички интерес во економијата, културата, образованието, туризам, спорт, заштитата на природно и културно наследство.

Гостите од Турција за да му ја честитаат годишнината од успешното раководење со општина Гостивар, му имаа подготвени изненадување, торта со една свеќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 18:41