Никој не знае што ќе се случи доколку Парламентот во Лондон го отфрли постигнатиот договор за Брегзит меѓу Велика Британија и ЕУ, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј.

– Долниот дом (на Парламнетот) треба да направи избор – може да го поддржи договорот или да го отфрли и да се вратиме на почетната позиција, изјави Меј во обраќање пред британските пратенци.

Таа нагласи дека ако Парламентот го отфрли договорот, никој не може да знае што ќе се случи.

– Тоа ќе ги отиври вратите за уште поголеми поделби и несигурност, со сите ризици што таа ги носи, порача Меј.

Британската премиерка се обидува да обезбеди поддршка за договорот за Брегзит, кој е изложен на критики како од редовите на нејзината владејачка Конзервативна партија, така и од страна на опозициските партии.

Засега е неизвесно дали Меј ќе обезбеди мнозинство во Парлементот за усвојување на договорот, кој вчера беше поддржан од останатите земји членки на ЕУ на вонредниот Самит на Унијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 18:56