Активисти на општинската организација на Црвен крст заедно со Активот на жени пензионерки при Здружението на пензионери од Велес денеска ги посетија младите лица вклучени во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Како што информира за МИА, Лидија Сланева Стојановиќ ова е само една од бројните посети на овие ранливи категории на граѓани од страна на нивни активисти на Црвен крст, а овојпат заедно со претставници на Здружението на пензионери од Велес.

– Ние сакавме да ги израдуваме на кратко нашите сограѓани, со нашата посета и со скромни подароци, а пред се да поразговараме со нив и да им кажеме деке не се заборавени и го имаат нашето внимание и грижа, потенира Сланева Стојановиќ.

Активноста е во рамките на „Неделата за грижа за стари лица", која започна изминатата недела, а продолжува и во текот на оваа.

Неделава, активисти на Црвен крст од руралните средини ќе посетат и семејства на пензионери во селата Мелница, Извор и Богомила.

Изминатата недела Општинскиот Црвен крст за пензионерите изведе и беслатни мерења за проверка на шеќер во крвтта и крвен притисок, а нивни активисти посетија и десетина пензионерски семејства во градот и им посветија време грижа и внимание за нивните потреби и проблеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 19:06