Едно лице е повредено при судир на автомобил и товарно возило, рано изутринава во 02.05 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта.

-Се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „ауди“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од Т.М.(25) од село Дреново, Кавадаречко и товарно возило марка „волво“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.Л.(52) од Кавадарци. Во незгодата повредeн е возачот на патничкиот автомобил, кој е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 10:46