Американскиот претседател Доналд Трамп не верува на тврдењата изнесени во американскиот владин извештај, во кој се предупредува на негативното влијание на климатските промени врз националната економија.

– Тоа не верувам, рече Трамп кога го прашаа за коментар за извештајот подготвен од 300 научници по барање на Конгресот. Според тој извештај, до крајот на векот САД може да изгубат стотици милијарди долари во повеќе економски сектори поради ефектот на стакленичките гасови.

Трамп рече дека го „читнал“ документот.

– Никогаш не сме биле толку (еколошко) чисти колку сега и мене тоа ми е многу важно. Ако секогаш ние сме чисти, а насекаде на друго место е загадено, тоа не е добро, оцени Трамп.

Во извештајот се вели дека климатските промени ќе влијаат и на земјоделството, производството и употребата на енергија, земните и водните ресурси, транспорт и човековото здравје и благосостојба во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 11:03