Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица се полесно телесни повреди во осум сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Според полицискиот извештај, 25 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, двајца возачи возеле под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи почетници.
Исклучени од сообраќај биле и девет нерегистрирани возила.
Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 65 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак" подигнати се 70 возила.
Полицијата санкционирала и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца за неправилно престигнување и пет возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).