Принцезата Дијана во 1981 година, неколку дена пред венчавката со принцот Чарлс, дознала дека тој е во тајна врска со Камила, но и покрај тоа, застанала пред олтарот.

Вечерта пред венчавката, идните сопружници ја минале одвоени, а тој ѝ испратил емотивна порака. Содржината на пораката ја открива кралскиот биограф Пени Џуниор.

– Многу сум горд на тебе, и кога ќе дојдеш утре пред олтарот, ќе бидам таму за тебе. Само погледни ги в очи и убиj ги со поглед, вели принцот Чарлс во пораката.

За жал, нивниот брак не траеше долго, а љубовта на принцот со Камила трае и денес.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 15:16