Во отчетот за едоногодишното работење, градоначалникот на општина Конче Благој Илиев истакна дека успеале да обезбедат средства и да адаптираат објект за детска градинка.
-Од средствата одобрени преу Министерството за труд и социјална политика ја адаптиравме детската градинка, која е во завршна фаза и наредниот месец ќе почне да работи, рече градоначалникот Илиев.
Според него во изминатиот едногодишен период знчајно е финансиското стабилизирање на Јавното комунално претпријатие „Лакавица". Таму подолг период не биле исплатени повеќе плати и имало долг од 5 милиони денари.
-Денес комуналното претпријатие е ликвидно и полека почнува да ја извршува својата дејност без потешкотии, истакна градоначалникот на Конче, Благјо Илиев.
Додаде дека се изградени две повеќенаменски игралишта во селата Ракитец и Габревци, а подготвена е целосна документација за изградба на спортска сала во ОУ„Гоце Делчев" со средства обезбедени преку Министерството за образоавние.
Градоначалникот на Конче иформираше дека се реализираат повеќе проекти за заштита на животната средина, како што е набавка на механизација за организирано собирање на сметот.
На крајот истакна дека е решен и проблемот со водоснабдувањето на повеќе од 500 домаќинства со направена нова бушотина со што долгорочно се решава овој проблем. Такви зафати ќе има и во селата Габревци, Ракитец и Дедино.