Во валандовското село Казандол во тек е изградбата на новата зграда на подрачното основно училиште ,,Цветан Димов“, во кое настава следат 20 ученици од населеното место во веќе дотраен објект. Новата училишна зграда ќе создаде современи и безбедни услови за вршење на образовниот процес и вложување во рамноправноста и инклузивноста на децата од турската етничка припадност во општината.

Објектот што ќе чини повеќе од 4 милиони денари, заеднички го градат турската владина агенција за развој „Тика“, што ги обезбеди финансиските средства, и општина Валандово која на објектот треба да му обезбеди електрични, водоводни и канализациски приклучоци според договорот што уште во јуни го потпишаа градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и програмскиот координатор на „Тика“, Ајтекин Ајден.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 16:18