Одделението на Управата за јавни приходи во Гевгелија од денеска функционира во целосно реконструирана зграда, со нов изглед и подобри услови за вработените.

Реновирањето е направено со средства на Управата за јавни приходи во рамки на проектот „Кориснички ориентирана околина“. Реновирани се 400 метри квадратни, заменети се сите прозорци и врати и комплетно е променета електричната, водоводната и мрежната инсталација.

На свеченото пуштање во употреба присуствуваше и директорката на УЈП Сања Лукаревска, помошник директорот Душко Гошевски и координаторот на Даночното одделение Јане Картов.

– Имаме нови реновирани простории со коишто им даваме основни услови за работа на нашите колеги. Ние, секогаш сме на линија со проблемите и сугестиите коишто ги примаме и од нашите колеги, но и од граѓаните. Од исклучителна важност е да се обезбедат нормални услови за работа, изјави Лукревска.

Надворешниот дел на објектот има паркинг простор за вработените и за странките, а изградена е и пристапна рампа за лицата со телесен инвалидитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 17:02