Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип Блажо Боев денеска доби посебно признание од колегите од Природно-техничкиот факултет.

Деканот на Природно-техничкиот факултет, Зоран Десподов истакна дека како најстара високо образовна институција, која е дел од Штипскиот универзитет одбележуваат 42 години од своето постоење, а признанието на Боев му го доделуваат за неговиот придонес во науката, но и поради тоа што е и првиот академик, односно член на МАНУ од Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип.

Боев својата кариера ја започнува во 1980 година во рамки на Рударско-геолошкиот факултет, во неколку наврати бил и декан, а сега е и ректор на Универзитетот„Гоце Делчев”. Научната јавност го знае по низата истражувања во делот на геологијата, но е препознатлив како еден од најголемите познавачи и истражувачи на мистичниот рудник Алшар. Тој истакна дека во изминатите 42 години неговиот матичен факултет има дадено голем придонес во едукацијата на кадарот за рударскиот сектор, кој е еден од економските двигатели во земјава.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 18:43