На денешната крводарителска акција која се одржа во средното општинско училиште „Ѓорче Петров" Крива Паланка беа собрани 91 единица крв.

Акцијата ја организира Црвен крст на Република Македонија-општинска организација Крива Паланка, во соработка со институтот за трансфузиона медицина, Скопје.

– И овој пат се покажа дека нашите кривопаланчани се хумани, а покрај тоа што оваа е најефикасната, со најмногу собрани крвни единици акција за 2018 година, радува фактот што на истата се јавија повеќе од десет крводарители кои првпат ја дарија скапоцената течност, рече Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

На акцијата покрај полнолетните ученици, крв даруваа и професорите и вработени во СОУ „Ѓроче Петров".

– Оваа крводарителска акција е последна за месецов, а на почетокот на декември, пред крај на календарската година е планирано да се организира уште една акција, која ќе биде отворена за сите граѓани, додаде Пешовски.

И годинава, како што рече, очекува годишниот план за крводарување да биде натфрлен, со што ќе продолжи повеќегодишната традиција на вбројувањена ОО Црвен крст Крива Паланка во најуспешните по реализирани крводарувања организации во државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 22:10