Две патнички возила се опожарени во пожар што ноќеска се случил на улицата „Димо Хаџи -Димов“ бр. 123 во скопската населба Кисела Вода, јавува МИА.

Пожарот избувнал во гаража на зграда, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со 11 пожарникари и четири возила. Пожарот бил пријавен во 02:30 часот, а гаснењето траело до 05:40 часот.

Во пожарот е причинета материјална штета која допрва ќе се утврдува.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 11:48