Според нив, мачителите ги врзувале кучињата за нога со жица и така врзани ги оставале да висат од мост на реката Луда Мара. Изживувања имало и врз мачки. За најновиот случај со врзано куче кое цвилело, информирани се и од Организацијата за помош и вдомување на улични животни „Срце за животните" од Кавадарци.
-Не е прв пат во дел од градот да врзат крадени кучиња за бандера и да останат така со денови. Сите во Кавадарци добро знаат за кој дел од градското подрачје станува збор, таму има поплаки и за други несовесни однесувања на дел од оние кои живеат таму, нагласуваат од Здружението за МИА.
Портпаролот на Секторот за внатрешни работи Велес, Верољуб Додевски потврди за МИА дека годинава имаат две пријави за мачење на кучиња и тоа во Велес и Росоман.