Во викендичка во населбата Суви Лаки на планината Огражден, сопственост на М.П.(63) од Струмица, полицијата откри 185 килограми марихуана, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

По наредба на судија во претходна постапка при Основниот суд во Струмица бил извршен претрес во викендичката.

– Во помошна просторија, остава-шупа, пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 килограми. По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Струмичанецот М.П (21) е лишен од слобода и е задржан во СВР Струмица, информираше Рендевска.

Инаку, по уште две лица полицијата трага, а се работи на целосно расчистување и документирање на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 13:52