Последните три дена од улици во центарот на градот се урадени 40 решеткасти капаци за сливници за истекување на атмосферските води, соопштија денес од ЈПКД „Комуналец" од Струмица.
-Ги алармиравме сите надлежни институции дека кражбите зачестија и оти исчезнуваат капаци на најфрекветните улици во градот. Отворените капаци може да предизвикаат сериозни проблеми и вистинска среќа е што досега нема повредени граѓани или поголеми оштетувања на возилата, информираат од ЈПКД „Комуналец".
Додаваат дека украдените капаци не се само се закана за безбедноста на граѓаните, туку нивната замена е трошок за претпријатието.
Екипи на ова јавно преторијатие постојано се на терен и поставуваат нови капаци. Истовремено ги повикуваат граѓаните доколку забележат кражба на капаци веднаш да пријават во полиција или во ЈПКД „Комуналец".