Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево доби мини автобус на електричен погон. Еко минибусот кој е донација од фирмата „Брегал“ е со капацитет од 20 седишта и со едно електрично полнење ќе поминува 80 километри. Како што истакна Александар Николов од Дневниот центар, оваа донација е одличен пример за општествено одговорна фирма која им излегува во пресрет на лицата со хендикеп.

– Оваа донација е од срце и ќе ја споделиме со љубов и со сите останати деца кои што имаат потреба на локално ниво да го користат ова панорамско возило се со цел да биде во интерес на поголема целна група во нашата општина. Ова е добар пример кој треба да послужи и останатите компании, со слични дела да се вклучат во подигањето на свеста за општествената одговорност на секој еден поединец – рече Николов.

Според него, вакви примери имало и во изминатите години. Пред две години во голема хуманитарна акција со поддршка на швајцарската фирма „Албиро“, партнер на делчевската текстилна фирма „Крзно“, било набавено комбе за превоз на децата од Дневниот центар во Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 14:50