Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три сe леснo повредeни во вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, 29 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени двајца возачи кои биле под дејство на алкохол, осум возачи кои возеле пред да се стекнат со право за управување со возило и тројца почетници. Од сообраќај се исклучени и седум нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 88 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување, тројца за неправилно престигнување и пет возачи за непоседување на пропишана зимска опрема во возилата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 16:43