Изградбата на обиколницата од „Борис Крајгер“ до булеварот „Гоце Делчев“ заедно со кружниот тек и улицата „Панче Караѓозов“ што ги поврзува населбите Автокоманда и Сењак се приоритетните проекти за период од 2019 до 2021 година, што ќе влезат во новиот општински буџет.

Раководителот на Секторот за финансии во Општина Штип, Трајче Цветков забележува дека обиколницата е почната да се гради од 2017 година, а истата ќе продолжи и наредната година, бидејќи станува збор за голем и капитален проект, за градот Штип, кој ќе придонесе за решавање на сообраќајниот хаос на влезот и излезот на градот.

-Вкупните средства што ќе бидат влезени во буџетот за 2019 година се за обиколницата кај улицата „Борис Крајгер“ е околу 24 милиони денари, додека за кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ и негово поврзување со обиколницата е 11 милиони денари, вели Цветков.

Додека реконструкцијата на улицата „Панче Караѓозов“, која е фреквентна и наместо асфалт на неа се уште има коцка и ќе чини 12 милиони денари. За овие проекти штипските советници на утрешната седница на Советот на Општина Штип треба да расправаат и да донесат одлука.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 18:14