Општина Гази Баба го ажурираше катастарот на загадувачи. Експерти од друштвото за технолошки и лабораториски испитувања, проектирање и услуги „Технолаб” направиле детална анализа по барање на општината за причините и најголемите загадувачи на нејзината територија.

Финалниот извештај денеска е презентиран пред градоначалникот Борис Георгиевски, а за сите заинтересирани граѓани кои ќе сакаат детално да се запознаат со ова истражување ќе биде организирана јавна презентација во првата половина на следниот месец.

– Оваа квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата, генерираниот отпад, ќе биде моќна алатка за општина Гази Баба според своите ингеренции, на терен да се справи со потенцијалните загадувачи како на воздухот, така и на животната средина воопшто, за потоа да може и да се одржува чиста животна средина, соопшти Општина Гази Баба.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 18:20