Во штипско-карбинскиот регион во тек е откупот на тутун. За само една недела откупени се девет тони тутун, информираат надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Штип.

Иван Барбашки повереник од Здружението на тутунари во штипско-карбинскиот регион вели дека квантитетот е ист како ланскиот, а квалитетот малку потфрлил, но очекуваат благо зголемување на откупната цена за 2 до 3 отсто.

-Со 10 денари за килограм сигурно ќе биде поскапа, за да може и понатака да се произведува тутунот во поголема количина. Сметаме дека од овој регион ќе се откупат од 130 до 140 тони тутун, вели Барбашки.

Во овој регион тутун садат вообичаено жителите во руралните подрачја на планината Плачковица.

Минатата година просечната цена на тутнот беше 215 денари за килограм, односно се откупуваше од 60 денари за четврта класа, до 285 денари за прва класа. Кооперантите кои потпишале договор очекуваат сиигурен пласман.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 18:37