На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувале автобус што превезувал работници од една штипска фирма и два автомобила.

Несреќата се случила околу 15.05 часот. Според првичните информации од портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, на повреда се пожалил возачот на автобусот, кој со Итна медицинска помош е пренесн во штипската болница.

Полицијата го пренасочуваше сообраќајот по други улици во градот, со што се создаде и колона од возила по булеварот.

Инаку, пред една недела почина 15-годишниот средношколец Мустафа Седат, кој 12 дена пред тоа беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот “Гоце Делчев” во Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 19:00