Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска имаше телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп за тензиите меѓу Русија и Украина на Црното Море.

Ердоган претходно имаше посебни телефонски разговори со претседателите на Украина и Русија, Питер Порошенко и Владимир Путин.

Деталите од тие разговори Ердоган му ги пренел на Трамп, објави канцеларијата на турскиот претседател. Судир помеѓу Русија и Украина изби во неделата кога руските сили запленија три украински бродови во Црното Море, по што Киев воведе воена состојба во пограничните области.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 19:22