Заканите за поставена бомба, кои денеска ги добија 15 трговски центри во Москва, се упатени од телефонски број регистриран во Украина, објави агенцијата ТАСС, цитирајќи неименувани полициски извори.

– Сите телефонски повици се упатени од број регистриран во Украина, рекол изворот.

Повеќе од 5.000 луѓе беа евакуирани поради заканата од бомба.

– Евакуирани се повеќе од 5.000 луѓе – купувачи и вработени во 15 трговски центри кои добија анонимни закани, вели неименуваниот извор, додавајќи дека досега е откриено оти најмалку половина од заканите се лажни.

Во тек се проверки и на преостанатите трговски центри, вели изворот, додавајќи дека најверојатно во сите случаи заканите биле лажни.

Анонимните повици следеа еден по друг после 11.30 часот по московско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 19:33