Се урна покривот на некогашниот Дом на млади во битолското село Бистрица, објект кој е прилепен до подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“.
Дел од гредите и ќерамидите пропаднале во внатрешноста, најверојатно поради тежината на снегот што врнеше минатата седмица, врнежите од дожд и големата количеството на влага врз целиот објект.
Сега родители на ученици реагираат и стравуваат од урнатините, поради безбедноста на нивните деца.
Денеска се сруши покривот, ние физички го обезбедивме просторотсо црвена лента, реагиравме до Општина Битола ,пришто веднаш се преземени мерки за санирање на кровот, изјави за апла.мк директорот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Димитар Пипилевски.
Според жителите на Бистрица, Домот одамна е напуштен , но со години жителите барале од властите да се реконструира и пренамени во нова спортска сала за потребите на школото. И покрај ветувањата објектот е оставен да пропаѓа. Жители на Бистрица велат дека објектот е во толку лоша состојба поради влагата што не може ниту да се реконструира, туку треба да се сруши до темел и наново да се гради.
Бистрица своевремено беше засебна општина , а сега е под надлежност на Општина Битола.