Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган изјави денеска дека разговарал со претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Петро Порошенко за можноста да биде посредник во смирувањето на тензиите настанати по инцидентот меѓу Москва и Киев во Азовското Море.

– Можеме да ја преземеме улогата на посредник. Разговаравме за тоа со обете страни, рече Ердоган по вчерашните телефонски разговори со Путин и Порошенко.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 12:35