Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице со подружница во Делчево и Т.Н.(37) од Скопје, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на добиточна храна или вода“.

МВР информира дека на 25.07.2018 година во Делчево, од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 12:44