Тројца мажи ја украле една од најпознатите слики од импресионизмот, „Залив, море, зелени ѕидини” на Пјер Огист Реноар, непосредно пред таа да биде понудена на аукција во Виена.

Уметничкото дело се проценува на 120.000 до 160.000 евра. Во понеделникот тоа беше изложено пред јавноста пред аукцијата организирана од куќата Доротеум во Виена.

Полицијата објави фотографии на крадците кои биле регистрирани со надзорната камера.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 16:21