Советникот за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон денеска во Рио де Женеиро се сретна со новоизбраниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

Ова е прва средба на високо ниво меѓу САД и новиот десничарски шеф на државата Бразил.

Болсанаро, кој ќе стапи на должност на 1 јануари, одамна ги најави своите планови да ја усогласи политиката на неговата земја со онаа на САД, што се толкува како остро свртување по левичарските влади кои управуваа со Бразил повеќето време во последните 20 години.

Пред посетата на Бразил, Болтон потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп беше првиот странски лидер кој го поздрави новоизбраниот бразилски претседател „вечерта по неговата победа на 28 октомври во исклучителен телефонски разговор“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 17:58