Во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков" воПрилеп во недела на 2 декември, премиерно ќе биде изведна новата претстава, сценско-музичкиот перформанс за млади „Малата Сирена" на танцовото студио „Зодијак".

Според Кире Младеноски од танцовото студио „Зодијак", предизвик биле адаптацијата на познатата бајка која е атрактивна за младата публика.

-Детскиот мјузикл е исполнет со безброј певливи песнички и колоритни костими и кореографија. Претставата ја работевме долго и за мене, како автор на куклите, костимите и на дел од сценографијата е големо задоволството што ќе прикажеме целосен сценско-музички перформанс. Ова е наша втора претстава која ја работиме како театар за деца и младинци, рече Младеноски.

Претставата е финасиски помогната со средства од Министерството за култура од националната програма за овааа година, како и со дел од средствата на локалната самоуправа на Прилеп. Учиилиштето за театар „Чин 4 Сцена 5" се погрижи за постпродукцијата на овој музичко-сценски спектакл, како и за светло-дизајнот и дизајнот на рекламниот материјал.

За актерот во претставата „Малата Сирена", Марија Костоска големи се предизвикот и искуството.

-Ова ми е прво искуство во вакви музички претстави. Не ми е прво искуство на сцената, но е голем предизвик. Имаме одлична соработка со учесниците и се трудиме да го совладаме сценскиот изглед, рече Костоска.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 18:18