Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА , Општина Охрид ќе ги реконструира трибините на фудбалскиот стадион во СРЦ „ Билјанини извори“ .
Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.
Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.Во рамките на истата програма за развој, ќе се реконструираат и трибините на стадионот „ Чаир“ во Скопје.