Градоначалникот на Битола Наташа Петровска денес во својот кабинет оствари работна средба со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.
Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека градоначалничката Петровска го запознала амбасадор со актуелната економска, политичка и културна состојба во градот.
Амбасадорот Емилио Лоренцо Сера и градоначалничката Наташа Петровска, вечер во Битола ќе ја отворат културната манифестација „Недела на Шпански филмови“, која се организира во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Македонија, НУ Центар за култура-Битола и Кинотека на Македонија.