И покрај постојаниот раст на бројот на баратели на азил, државниот секретар за азил и миграција на Белгија, Тео Франкен одбива да отвори дополнителни места.

Иако сите постоечки центри за барателите на азил се преполни, државниот секретар не само што одбива да отвори нови места, туку одлучил да го намали капацитетот за сместување на општините, откриваат белгиските медиуми. На општинско ниво 3.500 места се очекува да бидат укинати.

Од јули бројот на бегалци и мигранти е во постојан раст, но Франкен одлучи исто така да го ограничи бројот на регистрации во Бирото за странци на 50 лица дневно. Приоритет имаат жените, децата, ранливите групи и болните лица.

Од Бирото за странци велат дека станува збор за политички избор и дека во принцип тие имаат капацитет да третираат поголем број барања дневно.

Зимскиот план на Владата за прием на малолетни баратели на азил, кој стартуваше на почетокот на овој месец, е исто така исполнет, сите 200 места се зафатени, а Франкен одбива да ослободи нови, велат од Бирото за странци на Белгија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 10:48