Еден возач на мотоцикл се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни повреди во седум сообраќајни несреќи што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

Според билтенот на МВР, сообраќајната полиција исклучила 35 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, шест возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 99 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.

Санкционирани се и еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин, тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло и шест возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 11:18