Општина Дебар по смрта на градоначалникот Ружди Лата се уште нема избрано привремен градоначалник . Оваа го изјави секретарот на општината Или Мирзо кој притоа ги демантираше вестите дека Хекуран Дука е избран привремен градоначалник на Дебар.

Мирзо истакна дека „членот на Советот на општина Дебар, Хекуран Дука, со Одлука од сега покојниот градоначалник Лата е определен како советник кој го заменуваше во негово отсуство и може да потпишува одредени акти, во согласност со законските одредби, вршител на должност градоначалник се избира по одлуката на Владата од страна на Советот на Дебар“.

Советникот кој го заменува градоначалникот ќе ја врши ова функција до изборот на в.д. градоначалник од страна на Советот на општина Дебар во согласност со Законот за локална самоуправа, рече Мирзо.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 14:12