Клиничката болница во Штип се зајакна кадровски вработувајќи вкупно 51 лице од кои 20 медицински сестри, 12 лекари и останатите технички персонал.

– Што се однесува до медицинскиот кадар сметам дека горе-долу добро се екипиравме. Останува надежта дека наредната година ќе бидеме во можност да примиме и немедецински кадар, којшто е неопходен, а во кој спаѓаат болничари и хигеничари, како и луѓе од администрацијата, кои сега поради административни причини, неможеме да ги примиме. Сметам дека наредната година ќе се комплетираме, изјави директорот на Клиничката болница Ален Ѓеорѓијев.

Тој забележува дека мал е одливот на лекари и медицински кадар од болницата и оти во рок од една година заминати се само по еден лекар, медицинска сестра, лаборант и технички кадар.

Според Ѓеорѓијев, вработените специјалисти покрај тоа што работат во болницата, одат и во болниците во Свети Николе, Пробиштип, Кочани, Кавадарци и Гевгелија, каде што со прегледи ги опслужуваат и тамошните пациенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 14:16