Американскиот претседател Доналд Трамп, канадскиот премиер Џастин Трудо и мексиканскиот претседател Енрике Нијето денеска потпишаа нов Договор за трговија.

Трудо пред потпишувањето на Договорот му кажа на Трамп дека мора да продолжат да соработуваат на укинување на царината на челик и на алуминиум.

На потпишувањето на историскиот договор му претходеа низа контродикторни настани и преговори, поради што беше неизвесно до самиот крај.

Договорот ќе го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

На крајот од септември Канада, Мексико и САД се договорија за нов трговски договор по преговори кои траеја повеќе од една година. Претседателот на САД Трамп тогаш изјави дека новиот договор за трговија меѓу САД, Канада и Мексико е „најголем трговски договор“ во американската историја и оти тој ќе помогне во заштитата на американските работници.

– Ова е одличен договор за сите нас, истакна тогаш Трамп.

Со новиот договор САД – Мексико – Канада се предвидува годишна трговска размена од 1,2 трилиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 17:24