Русија е загрижена околу состојбата во сферата на неширењето на оружјето и разоружувањето, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, изразувајќи стравување дека е можна нова трка во вооружувањето.

– Можното повлекување на САД од Договорот за ракетите со среден и краток дострел и нивната нејасна позиција за Договорот за стратегиско напаѓачко оружје, создаваат ризик од неконтролирана трка во вооружувањето, изјави Путин во обраќањето на Самитот на Групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), што се одржа пред почетокот на средбата на врвот на Г-20 во Буенос Аирес.

Тој израzи надеж дека петте членки на БРИКС ќе имаат единствен став по овие прашања, со што ќе станат важен фактор за мобилизација на светската јавност за гарантирање на меѓународната безбедност и стабилност.

Путин застана и во одбрана на Парискиот договор за климата и повика на утврдување серија норми за негово спроведување.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 18:44