На улицата „15 Корпус“ во Струга синоќа дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка меѓу четири лица.

СВР Охрид соопшти дека тепачката се случила во 23 часот и 45 минути меѓу А.М.(27) од една и Г.М.(34), О.С.(35) и Л.Ч.(37 ) од друга страна, сите од Струга.

Поради утврдена алкохолизираност, Л.Ч. е приведен во Секторот за внатрешни работи Охрид додека останатите лица се повикани на разговор во Полициската станица во Струга.

По целосно документирање на настанот, Полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 19:31