Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Алјаска, а издадено е и предупредување за појава на цунами.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава. На социјални мрежи жителите поставија фотографии од тешко оштетени автопатишта. Властите наредија евакуација на училиштата и воведоа забрана за слетување на авиони.