Пред околу еден час во центарот на Тетово, поточно во близина на локалниот ресторан „Делфин“ имало пукање, а учесник во настанот е и функционер од ДУИ, поранешен вработен на висока позиција во Управата за јавни приход, неофицијално дознава порталот Скопје 1.

Истрелите од огнено оружје се слушале во строгиот центар, а лица од автомобили во движење пукале едни кон други. Дел од куршумите завршиле во угостителскиот објекти.

Во престрелката била употребена автоматска пушка „калашников“, изјавиле очевици за Скопје 1.

Неофицијално, во престрелката има и ранети. Според информациите, во моментов се врши увид од страна на полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2018 00:50