Група маскирани лица запалија автомобилски гуми пред зградата во која се наоѓа станот на германскиот вице-канцелар и министер за финансии Олаш Шолц во Хамбург, по што врз објектот фрлиле неколку стаклени шишиња со црна боја.

Како што соопшти германското Министерство за внатрешни работи, полицијата трага по напаѓачите кои се во бегство.

Шолц е на удар на левичарските екстремисти поради неговата строга политика кон демонстрантите, кои минатата година предизвикаа нереди за време на Самитот на Г-20 во Хамбург.

Домот на Шулц во Хамбург е под полицска заштита само кога тој престојува во него.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2018 00:57